Дејан Георгиевски поразен во второто коло на СП во Баку

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски e елиминиран на стартот од Светското првенство во Баку, Азербејџан.

Георгиевски во категоријата +87 кг беше слободен во првото коло, а во борбата за пласман во осминафиналето загуби од натпреварувачот од Авганистан Али Акбар Амири (2-2, 3-7).

Во полуфиналнето се пласираа: Карлос Сансорес (Мексико) – Емре Куталмиш Атешли (Турција) и Чеик Салах Сисе (Брегот на Слоновата коска) – Пашко Божиќ (Хрватска).

Во женска конкуренција настапи македонската таеквондистка Мила Рељиќ во второто коло во категоријата 62 кг загуби од светската шампионка, Русинката Лилија Кужина (4-13, 1-13) која настапи под „индивидуален неутрален им“.

Кужина подоцна го освои и златниот медал откако во финалето со 6-2 и 8-6 триумфираше над Бразилката Каролине Сантош. Во оваа категорија со бронзени медали се закитија Елија Пауел (Велика Британија) и Феруза Садикова (Узбекистан).

Следниот настап на Рељиќ ќе биде на Европските Олимписки Игри во Краков, Полска кон крајот на месецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО