Дејан Георгиевски почна со подготовките за ЕП и за СП (ФОТО)

Бидна што бидна, поминаа наградите за најдобри спортисти за 2017 година, а европскиот шампион во таеквондо Дејан Георгиевски ги почна подоготовките во Скопје за новата сезона полна со големи  предизвици.

Покрај Скопје, наредна станица е Банско, каде што ќе ги одржи висински подготовки од 21 до 27 јануари, за да биде подготвен за првиот Г-1 турнир на 10 февруари во Турција, Истанбул. Потоа следуваат неколку Г-1 турнири во Германија, Бугарија, Белгија, Австрија…

Најбитни настани во оваа година за Дејан се Европското првенство во стандардни категори и Светското во олимписки категории, на кои на Г-1 турнирите се собираат бодови за Олимпските игри.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО