Дејан Георгиевски освои бронза на Гранд при финалето во Ријад и испиша историја

Дејан Георгиевски (+80 кг) освои бронзен медал на Светското таеквонодo Гранд при финале во Ријад, Саудиска Арабија, откако го совлада Смаил Дуисебеј од Казахстан и освои нови 33 бода за Олимписките игри во Париз 2024.

Претходно во полуфиналето Георгиевски загуби од Чејк Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска, а во првата борба славеше против еден од најдобрите светски натпреварувачи Иван Гарсија Мартинез од Шпанија 2-0. Мартинез го освои сребрениот медал на неодамна завршеното Светско првенство во Гвадалахара, Мексико. Потоа и Бразилецот Икаро Мигуел Соареш со 2-0 (9-5, 6-0).

Инаку, Георгиевски на Гранд прито учествуваше на лична покана, каде што настапуваат 16-мината најдобри во светот.

Со овој медал Дејан испиша историја во македонското таеквондо и македонскиот спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО