Дејан Георгиевски и тренерот Борче Костовски носители на „спортската пензија“

Селекторот на таеквондо репрезенатцијата и тренер на освојувачот на сребрениот медал на Олмписките игри во Токио, Дејан Георгиевски, Борче Костовски, кој е претседател на Македонската таеквондо репрезентација, исто како и Дејан е носител на највисокото државно спортско признанине „Национално спортско признание” или популарно како спортска пензија.

Тоа значи дека претседателот на МТФ, Борче Костовски и спортистот Дејан Георгиевски ќе имаат доживотни месечни примања во висина од 1,4 просечни плати месечно.

„Сакаме да ве известиме дека по заеднички договор на двајцата трнери Борче и Дарко Костовски на нашиот Дејан Георгиевски, покрај олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски кој е носител на највисокото државно спортско признанине „Национално спортско признание” или популарно како спортска пензија, носител на истото врвно признание ќе биде и претседателот на МТФ и тренер д-р Борче Костовски“, истакнуваат од МТФ и додаваат:

„Ова треба да биде поттик за многу идни спортисти и тренери, главниот мотив секако треба да ни биде Македонија“!

Секако, ова признание е сосема заслужено, ако се има предвид дека ова е вториот медал од Олимписките игри во независна Македонија по оној на Могамед Ибрагимов (бронза, во борење) на ОИ во Сиднеј 2000 година. Од друга страна, ова е прв олмписки успех на домашен тренер кој има успеси со Георгиевски од најмали нозе.

Македонија треба да се гордее со ваков стручен кадар и да посака да има што повеќе тренери и натпреварувачикои ќе носат успеси од меѓународните првенства, а како врв на се од Олимпијадите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО