Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на Олимписките игри

По тешка борба во финалето на Олимписките игри Дејан Георгиевски (+87 КГ) загуби од светскиот првак Русинот Владислав Ларин со 9-15.

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал и докажа дека е врвен борец. Ова е голем успех за Македонија.

Прва рунда – 0-1 казнен поен, удар со рака и 0-2. Приговор од селекторот Борче Костовски за држење на ногата, но не беше прифатен.

Втора рунда – удар со нога 2-2, но Ларин брзо реагираше и поведе 2-7, 4-7, 5-7, 5-9 и 7-9.

Трета рунда – 7-10 со казнен поен, 8-10, 8-13 со удар во глава, 9-13, 9-15.

Така, Георгиевски по децении, како македонски спортист родум од Македонија, освојува медал на Олимписките игри. Георгиевски се нареди до великаните на македонските спортисти како Шабан Трстена, Шабан Сеиди, Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Стојна Вангеловска, Благоја Георгиевски, Благоја Видиниќ, Милко Ѓуровски…

Претходно Георгиевски го згази светскиот првак Рафаел Алба од Куба на Олмписките игри во Токио со 11-8 во категоријата над 87 килограми.

Нашиот таеквондист се бореше одлично. Во првата рунда поведе 5-1, втората заврши 5-2 и во третата светскиот првак се обиде да направи пресврт и ја доби со 1-5. Сепак Дејан тактички добро се избори и не дозволи изненадување.

Потоа во четвртфиналето Георгиевски го совлада Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска со 9-4 и се пласира во полуфиналето.

Првата рунда заврши 0-0. Во втората рунда Дејан поведе 1-0, потоа противникот изедначи 1-1. Со удар во телото Георгиевски поведе 3-1. Во третата рунда Гбане намали 3-2, но веднаш Дејан зголеми на 4-2. Па Габане изедначи 4-4. 6-4 за Дејан и со казнен 7-4, па со хај кик 9-4.

Во полуфиналето го совлада Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12-6.

Во првата рунда поведе Кореецот 0-1 со удар со рака. Така и заврши првата рунда. Со казнен поен Дејан изедначи 1-1 во втората рунда, а потоа со добар удар поведе со 3-1 и уште еден ножен удар за 5-1. Ин намали на 5-2 и 5-3.

Интересна втора рунда со многу поени.

Во третата поведе 7-3, Кореецот намали на 7-4, 9-4 за Дејан, па 10-4. 12-4 во финишот, со два казннеи поени 12-6.

Резултати

Дејан Георгиевски – Рафаел Алба (Куба) 11-8

Дејан Георгиевски – Сејду Гбане (Брегот на Слоновата Коска) 9-4

Дејан Георгиевски – Кјо Дон Ин (Јужна Кореја) 12-6

Финале

Дејан Георгиевски – Владислав Ларин (Русија) 9-15

Освојувачи на медали на олимписки игри се:
Благоја Видиниќ – ЛОИ Мелбурн – 1956 – сребрен медал
Благоја Видиниќ – ЛОИ Рим – 1960 – златен медал
Благоја Георгиевски – ЛОИ Монтреал – 1976 – сребрен медал
Аце Русевски – ЛОИ Монтреал – 1976 – бронзен медал
Шабан Сејдиу – ЛОИ Москва – 1980 – бронзен медал
Шабан Сејдиу – ЛОИ Лос Анџелес – 1984 – бронзен медал
Азис Салиху – ЛОИ Лос Анџелес – 1984 – бронзен медал
Милко Ѓуровски – ЛОИ Лос Анџелес 1984 – бронзен медал
Реџеп Реџеповски – ЛОИ Лос Анџелес – 1984 – сребрен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Лос Анџелес – 1984 – златен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Сеул – 1988 – сребрен медал
Стојна Вангеловска – ЛОИ Сеул – 1988 – сребрен медал
Могамед Ибрагимов – ЛОИ Сиднеј – 2000 – бронзен медал
Дејан Георгиевски – ЛОИ Токио – 2020 – сребрен медал

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО