Дејан Георгиевски е современиот Александар Македонски, вели тренерот Костовски

На приемот во АМС, покрај Дејан Георгиевски тука беше и неговиот стручен штаб, кој исто така е заслужен што ете и ние во Македонија се израдувавме на медал во Токио.

Радоста, среќата е голема и кај тренерот на Дејан, Дарко Костовски, кој меѓу другото истакна..

„Борецот од кој Дејан загуби во финалето е Кристијано Роналдо во таеквондо. Ете и Македонија има борец што може рамо до рамо да се носи со најдобриот во светот. Да го победиш светскиот првак уште во првата борба тоа кажува се“.

Костовски посочи колку е Дејан и неговата фамилија му се посветени на овој спорт и што значи овој успех за Македонија.

„Неговата фамилија е таеквондо. Неговиот брат, неговата сестра се медалисти во своите категори на повеќе натпреварувања. Дејан е современиот Александар Македонски, постави боречка стратегија која се покажа како супериорна. Направивме спортска историја која ќе биде во Македонија запишана со златни букви“ заклучи тренерот на Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО