АктуелноБорењеДомашна сцена
Дејан Богданов повторно избран за претседател на Боречката федерација на Македонија

Дејан Богданов повторно е избран за претседател на Боречката федерација на Македонија.
Вчерва во Штип се одржа изборно Собрание во салата на Општина Штип, при што право на глас имаа 19 клуба, присутни беа 18.
Фактички, Дејан Богданов беше единстевн кандидат, бидејќи кандидатурата на Љубиша Пешко не била комплетна, како што не информираа од БФСМ, а Имер Кадријовски само најавил дека ќе се кандидира.
Богданов ја доби довребата со 18 гласа за.



