АктуелноБоксЕвропски првенства
Познати противниците на боксерите на ЕП за кадети во Златибор

Утре почнува Европското кадетско првенство во Златибор, Србија, на кое ќе настапат 161 боксер во машка и женска конкуренција под покровителство на ЕУБЦ.
Нашите репрезентативци ги добија противниците, а тројца од нив со победа ќе обезбедат најмалку бронзен медал.
Репрезентацијата со тренерот Петар Чурлиновски имаше завршни подготовки на Златибор со повеќе репрезентации.
Македонија на ЕП:
42 кг Михаил Аврамовски – Давид Симиќ (Србија) ¼ финале 24 јули
44 кг Шаин Реџеповски – Сахиб Бахишли (Азербејџан) ¼ финале 24 јули
52 кг Џан Биљали –Махмуд Сах (Израел) 1/8 финале 24 јули
57 кг Иса Бајрам – Давид Дамјановиќ (Србија)/Сира Доминик (Словачка) ¼ финале 24 јули



