Пред некој ден го објавивме текстот „Давор Тасев за завршеното ЕП за деца:„Задоволен сум од настапите на македонските деца“!, по кој имаше коментари дека еден од најдобрите репрезентативци Аид Салихаси намеро е изоставен и дека со тоа се минимизираат успесите на БК Тефејуз.
„Се извинувам, Аид Салихаси не е намерно заборавен! Не знам зошто така се случи, јавно се извинувам за грешката, а за Салихаси имам само пофални зборови“, рече тренерот на репрезентацијата Давор Тасев кој се обрати до нашата редакција да се извини и да каже дека нема никаква намера.
„Аид Салихаси во првата борба се бореше со турски репрезантативец кој го победи 6-2, а во второто коло загуби од Грузиец со 3-2. Несреќно загуби. Инаку, Аид прикажа одлични борби и сум задоволен од неговиот настап на Европското првенство“, вели Тасев.
Ipon.mk/В.Д.