Давор Тасев за завршеното ЕП за деца:„Задоволен сум од настапите на македонските деца“!


„Задоволен сум од настапите на македонските деца“!


Ова, по ЕП во борење за деца, кое се одржа во Белград, Србија и на кое учествуваа 24О деца- борачи од Европа, но и од Македонија, го изјави тренерот Давор Тасев. Македонските борачи не освоија медал, но не разочараа.


„Конкуренцијата беше силна. Учествуваа деца од најсилните европски боречки нации, меѓу нив и од државите на поранешниот СССР. Секоја држава можеше да учествува со двајца борачи во една категорија. Тоа најмногу им одговараше на силните држави, каде борењето е најразвиено. За жал, и жрепката не ни беше наклонета. Сепак, јас сум задоволен од настапите на македонските борачи. Филип Тасев направи подвиг во првото коло, совладувајќи го белорускиот натпреварувач, но во второто наиде на уште еден силен противник, претставник на Украина и загуби. Очекувавме да се пласира во репасажот, но Украинецот загуби во полуфиналето и таа шанса пропадна. Стефан Штеријов имаше голема шаснса да се пласира во второто коло, но несреќно загуби од унгарскиот претставник со 5-4. Ненад Панов, исто така, остави одличен впечаток. Загуби од белорускиот натпрварувач, а тој загуби во полуфиналето. Бети Алили загуби уште против еден претставник на Белорусија, но судиите му одзедоа два бода и не му дозволија да победи. Зулфакин Асани го победи романскиот претставник, но во второто коло налета на Украинец и загуби. Ерман Рамани е поразен од Романец, додека девојките загубија од Турчинка и Романка. Моја оценка е дека имаме квалитетни млади борачи, кои само треба да продолжат со напорната работа. Во секоја категорија во просек имаше по 30 борачи. Јас сум голем оптимист за иднината на македонското борење“, изјави Давор Тасев, тренерот на македомнската репрезентација, инаку тренер и во Балканец.

Ipon.mk/К.М.

print

Можеби ќе ви се допадне...