Давор Тасев: Бевме многу близу до медал, задоволен сум од настапот на нашите борачи!

Тренерот на репрезентацијата во борење за пионери, Давор Тасев, кој ги водеше нашите борачи на Европското превнство во Ѓер, Унгарија, изразува задволство по двете борби за бронзен медал на Стефан Шетрјов и Реџеп Поцеста.

„Задоволен сум од сите настапи на нашите борачи сите. Се изборија добро, бевме многу блиску до медал, бидејќи двајца наши борачи се бореа за медал. Имаа големи шанси  Стефан Штерјов и Реџеп Поцеста“, вели Тасев и додава:

„Нема да застанеме тука, продолжуваме со работа, затоа што во спетември не чека Балканското првенство“.

Дали можевме да освоиме медал и дали имаше грешки кои направија бронзите да бидат недостижни се прашања кои се наметнуваат по завршувањето на ЕП.

„Немаше гршеки, туку треба повеќе работа. Противниците за нијанса беа подобри. Стефан беше малку збунет, но, според мене, можеше подобро да се избори. Реџеп поведе 4-0 и загуби на туш, иако немаше, но така досудија судиите“, смета Давор Тасев.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО