Успешен семинар во Прилеп со легендата на џудото Славко Обадов

Во организација на ЏК Сеишин се одржа тридневениот Меѓународен џудо камп „Прилеп 2018“ во соработка со Џунс од Нови Сад, Србија, за помлади пионери-ки и пионери-ки. Кампот го предводеше Славко Обадов – 9 дан-степен и Мирољуб Ничиќ – 6 дан на кој настапија вкупно 60 џудисти од 6 клубови од Македонија и Србија (Џунс, Нови Сад, Сеишин, Пролетер, Санакаку, Гладијатор и Чурин).

„На овој камп младите џудисти се стекнаа со нови знаења и искуства, а тренерите со нови методски постапки за одредени техники за учење на своите ученици. Големо беше задоволството кај сите да се присуствува на еден ваков џудо камп предводен од легендата на џудо спортот, Славко Обадов, бидејќи ова за прва пат се случува во Македонија, односно во Прилеп да присутвува човек со највисока титула во џудо спортот“, велат од Сеишин.

Потпишан е меморандум за соработка меѓу Сеишин-Прилеп и Џунс – Нови Сад со што ќе се продлабочува соработката со цел унапредување на џудо спортот и размена на искуства.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО