Давор Штефанек до историски медал за Србија со пласманот во финалето на ОИ

Stefanek se raduva

Српскиот борач Давор Штефанек (-66 кг) се пласира во историско финалето во грчко-римски стил на Олимписките игри и  и го донесе првиот медал на Србија во Рио!

Штефанек во полуфиналето го победи осум години помладиот Грузиец Шмаги Болкавадзе со 7-0 и се квалификуваше за големото финале.

По големата победа над актуелен светски шампион Френк Штеблер 6-2 во четвртфиналето, Штефанек во полуфиналето потврди дека не се шегувал кога најави медал од ОИ во Рио.

Во полуфиналето тој беше убедлив, ја чекаше својата шанса и го тушираше противникот за само 86 секунди.

Неговиот противник во финалето ќе биде Ерменецот Мигран Артујунјан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО