Давор Штефанек е олимписки шампион!

davor_stefanek_srb

Српскиот борач Давор Штефанек го освои златниот медал во категоријата до 66 килограми грчко-римски стил на Олимписките игри во Рио.

davor_stefanek_srb-migran_arutyunyan_arm

Штефанек финалето го победи Еерменецот Мигран Арутујунан. Борбата заврши со резултат 1-1, но српскиот борач победи, бидејќи последен освои поен.

Суботиначенцот Штефанек така и го донесе најсјаниот прв медал за Србија во Рио, а тоа е втор златен медал за оваа земја на Игрите по триумфот на Милица Мандиќ пред четири години во Лондон.

Ова е исто така првиот медал за српската борење по 32 години, однонсо прв златен медал по 40 години.

Сјајна српскиот ас, светски првак во 2014 година, маестрално го изведе настапот во Рио.

Почна со убедлива победа на стартот против Јапонецот Томохиро Иноуе 9-0, а потоа во четвртфиналето го победи сегашниот светски шампион Германците Френк Штеблер 6-2, во полуфиналето го тушираше Шмаги Болкавадзе 7- 0.

Бронзените медали и припаднаа на Расул Чунајев од Азербејџан и Шмаги Болкавадзе од Грузија.

Борби за бронзен медал:

Расул Чунајев (Азербејџан) – Рју Хансу (Кореа) ТФ 8-0

Шмаги Болкавадзе (Грузија) – Томохиро Иноуе (Јапонија) 1-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО