Привремениот шампион во лесна категорија Дастин Пориер ќе ја има борбата на животот на мечот со непоразениот шампион Хабиб Нурмагомедов во главната борба на УФЦ 242 во септември во Абу Даби. Сè е против Дијамантот во оваа битка, но тој не се интересира за тоа и е уверен во неговата победа.
Неодамна двајцата застанаа лице в лице на првата прес-конференција пред борбата и денес во емисијата на Хелвани, Пориер одлучи да поразговара за претстојната голема борба.
„Ариел, ти знаеш дека многу време сум во борбите и не се возбудувам многу и кога стоиме лице в лице, приказните или конфронтациите. Мислам дека сè беше добро и покажа почит кон мене. Хабиб знае каков борец сум и е свесен дека сум подготвен да сторам сé за да победам. Знае дека има голем предизвик во моето лице. Во последните неколку кампови тренирав на различни начини и овој пат ќе ја тренирам борбата во партаер со поголеми противници од мене.
Постојат кампови што те прават подобри и мојата цел е да се подобрам. Веќе имам неколку борци во тимот, но ќе додадеме повеќе. Се разбира, Мухамед Лоуел ќе биде дел од мојот камп. Возбуден сум што „Кинг Мо“ има искуство со Хабив, како и други борци и граплери од светска класа. Пред многу години Лоуел ми кажа дека ќе го поразам Хабиб. Тогаш бев далеку од тоа дури и да зборувам за борба со него. Што мислите, зошто Лоуел ми кажа дека ќе го победам Хабиб? Тој ми рече затоа што сум најдобар во светот. Нема да ви требаат пет рунди, за да го победиш“.