Дарко Гоцевски: Ќе работиме на афирмација и пропаганда на крав магата, за да стигне до секој човек

Крав мага е израелски борбен систем за самоодбрана кој на почетокот е користен и измислен за специјалните единици на Израел а подоцна го преземаат и други специјални единици низ светот. Во 60 години на минатиот век основачот Ими Лихтенфелд одлучува овој одбранбен систем да биде достапен и за цивили и воведува школа и рангирање на појаси. Денес крав магата е распространета насекаде низ светот.

Кај нас оваа вештина ја практикува Дарко Гоцевски која се вежба во Виница, Скопје и Кочани. Гоцевски практикува и други боречки вештини, како карате, џудо, тајлнадски бокс, кик бокс, кои всушност се основа за неговата инструкторска лиценца во крав магата.

„Со крав мага работам веќе пет години. Потикнат од една обука во Србија, каде што тамошниот инструктор Боби Габершек ме праша дали тренирам крав мага, бидејќи му изгледаше дека веќе порано сум го работел тоа. Оттогаш повеќе се заинтересирав за оваа вештина, меѓутоа во Македонија немаше училишта, па на тренинзи и обуки морав да одам најпрво во Бугарија со Европската крав мага, а потоа, за моја среќа, и овде во Македонија почнав со гранд мастер Карли Заниуг од Крав мага академија Словенија, чија сопруга е од мојот град (Виница)“, вели Гоцевски.

Карли Заниуг е гранд мастер шести дан во Словенија во крав мага Часовите за самоодбрана што ги работи Дарко 5-6 години на назад добиваат друга форма. Со Заниуг почнува да тренира, но и решаваат да почнат со работа и во Македонија.

„И пред тоа имав правено неколку семинари за одбрана, но заедно со Карли го систематизирав тоа да биде само крав мага. Карли Заниуг е носител на највисок ранг гранд мастер во крав мага“, истакнува Гоцевскии додава дека ја основа Крав мага Македонија под Крав мага Словенија, каде и што се стекнува со инструкторска лиценца.

„Тој ми помогна да ги селектирам вистинските крав мага елементи и кои се работат“, истакнува Гоцевски.

Дарко Гоцевски со боречки вештини се занимава 18 години и е основач Лидер од Виница, клуб(ови) за повеќе спортови. Познавањето на повеќе боречки вештини многу му помага за вклопување во крав мага. Како дете, две години тренира карате, а потоа, како студент, во Охрид и џудо во Чоле клуб заедно со Дејан Чолески. Се враќа во Виница и продолжува да тренира карате во Кочани, прво во КК Ипон, а потоа и во КК Партизан. Подоцна бара поголем предизвик со повеќе адреналин и почнува да се занимава и со мај тај. За да ја усоврши оваа вештина патува за Радовиш во Мај тај комбат кај тренерот Ристе Ристов.

„Сето тоа искуство и бројните обуки ми помогнаа во крав мага. Сега сум инструктор во Крав мага академија Македонија и работиме за поголема афирмација на крав мага во Македонија. Моментално тренинзи држиме во Скопје, Кочани и Виница. Покрај тренинзите имаме правено и крав мага семинари за самоодбрана и семинари за дирекна ВИП заштита, невооружена борба. Од неодамна склучивме договор за заемна соработка со Масада тактикал систем од Израел и Гај Розенфелд, директор и основач на масада, член на контратерор специјална единица во Израел, тренер на полициски и воени единици насекаде во светот. Тој ќе биде задолжен за обуката на тактичко пукање кога ќе имаме семинари“, потенцира Гоцевски. На 3 ноември со гранд мастер Карли Заниуг ќе прават голем семинар за самоодбрана во Скопје.  

За крав магата вели дека е вештина составена од самоодбранбени елементи. На пример зграпчување од позади, давење, фаќања и како да се ослобидш од нив и слично. Техника на правилни удари, како на пример предна рака, задна рака, кратки удари. Потоа самоодбрана од огнени и ладни оружја, разоружување. Одбрана на земја, контрамерки, посебно за повискоките појаси.

„Крав магата е лесна за учење, посебно во првите 5-6 месеци, зтаоа што се учат поосновни елемнти каде што не е потрбно познавање на некои вештини, а е ефикасно на улица. Но, во подоцнежниот период се учат правилни удари“, наведува Дарко.

Степенот на стекнување појаси почнува прoтокалов, па зелен, син, кафеав и црн по принципот на џудото.

Оваа вештина веќе е распространета во светот, а сега помасовно се распространува и во Македонија.

„Се уште многу луѓе не се запознаени со крав мага. Има интерес, бидејќи е самоодбранбена техника. Се интересираат за крав мага. Претежно се тоа луѓе кои се запознаени со оваа вештина, посебно од оние што се од безбедносните сили. Во овој период повеќе ќе работиме на афирмација и пропаганда на крав магата, за да стигне до секој човек“, нагласува Гоцевски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО