Дарко Чатлески се договори за соработка со Тони Тољ, промотор на боксерот што му ја зема титулата на Пакијао (ФОТО)

Секретарот и менаџер на Про бокс Македонија, Дарко Чатлески се сретна (4 август) со промоторот Тони Тољ од Драгон фајр промоушнс „Dragon Fire Promotions“ од Австралија една од најдобрите промоции во Австралија, која го застапува Џеф Хорн кој минатиот месец го совлада Мани Пакијао и му ја зеде ВБО титулата.

На средбата се разговараше за начинот на работа на професионалниот бокс во Македонија и Австралија, вели Чатлески, а целта е започнување на соработка меѓу Македонија и Австралија во професионалниот бокс.

„Разговаравме за начинот на менаџирање на професионалните боксери и начинот на органозирање на професионални боксерски настани . Заедничка цел во блиска иднина ни е пласирање на македонски боксери во Австралија и обратно и организирање заеднички организации. Нашата соработка со промотерот Тону Тољ и менаџерот Ангело Хајдер од промотерста куќа Дргаон фајр боксинг придонесува за унапредување на професионалниот бокс во Македонија. Од наша страна им доделивме плакета за успешен заеднички почеток во професионалниот бокс помеѓу Македонија и Австралија“, вели Дарко Чателски.

Тони Тољ вели дека се горди што во нивното семесјтво Драгон фајр промушнс се приклучува Македонија, однонсо Дарко Чатлесмки и ПБМ (Про боксинг Македонија).

„Дарко е многу чесен човек и со нетрпение го очекуваме развојот на професионалниот бокс во Македонија“, изјави Тољ за Ipon.mk.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО