Дарен Тил го победи Вондербој со контроврезна одлука (ВИДЕО)

88

Дарен Тил (17-0-1, 5-0-1 УФЦ) го победи Стивен Томпсон (14-3-1, 9-3-1 УФЦ) пред своите навивачи во Ливерпул.

Тоа е она што го видоа судиите, ако не и поголемиот дел од гледачите.

25-годишниот Англичанец славеше со контроверзна одлука на судиите по 5 рунди (48-47, 49-46, 49-46).

Мечот се одржа во лесна категорија, бидејќи Тил беше над границата на мерењето.

Вондербој загуби две од последните три борби. Во март минатата година исто така беше тесно поразен од шампионот Тајрон Вудли.

Нил Мањи, кој го замени Гунар Нелсон, пред крајот на првата рунда со колено го собори и во пратер го заврши Крег Вајт.

УФЦ Фајт најт 131:
Дарен Тил – Стивен Томпсон (едногласна одлука на судиите)
Нил Мањи – Крег Вајт (ТКО; Р1)
Арнолд Ален – Медс Барнел (сабмишн, давење од напред, Р3)
Макван Амирхани – Џејсон Најт (поделана одлука на судиите)
Клаудио Силва – Нордин Талеб (сабмишн, давење од позади, Р1)
Том Брисе – Даниел Кели (TKO, Р1)
Лина Лансберг – Џина Мазани (едногласна одлука на судиите)

https://youtu.be/JgjNU8lx_pI

.