Даниел Стефановски: Противникот е добар, но јас сум подготвен!

Даниел Стефановски кој не знае за пораз во кик бокс промоцијата Суперкомбат и има 4 победи во серија на 6 мај се среќава со Да Круз вели дека оваа борба е само супер фајт не е квалификација за појас.

„Јас веќе сум квалификуван за финалниот турнирво САД кој ќе се одрж кон крајот на годината. Имам договор со Суперкомбат со кој се обрзувам скоро секој месец да имам борби во целиот свет“, вели Даниел Стефановски.

Тој вели дека многу не знае за противникот, но, според она што го гледал на Јутјуб, уверен е дека станува збор за добар и дека во ова натпреварување нема лоши борци.

„Но, добро сум подготвен, а сето друго ќе го видиме во рингот“, порача Стефановски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО