Се одржа годишното Собрание на Боксерската федерација на Македонија

Денеска во Скопје на Факултетот за физичка култура се одржа годишното Собрание на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) на кое беа усвоени годишниот извештај, каленадрот за натпревари и програмата за работа за 2017 година. Беа променети двјаца членови на Управниот одбор Силјан Мицевски и Цветан Панделевски поради неактивност, со Примислав Димовски и Недим Цановски.

Инаку, Собранието го водеше заменик претседателот Балгој Донев пордаи зафатеноста на претседателот Игор Златков. Тој истакна дека е одблокирана сметката и дека се намирени сметките спрема вработеното лице во КФМ и дека еден дел од парите се уплатени на семејството на трагично починатиот Ѓокица Неделковски во 1999 година во Атина, а другит дел ќе се отплаќа на рати.

Беше истакнато дека Лигата почнува на 13 и 14 мај по турнирски систем поделена на младинска (јуниори и кадети) и сенироска, при што за победа ќе се добиваат 3 бода а за пораз 1.

Еден од најконкретните беше Мирослав Стојановски од новопримениот клуб (старо познато име) БК Куманово Цеце,кој рече дека сите се виновни за 20-годишната криза на боксот и дек азатоа мора да се преземат по екстремни мерки за упешно враќање на боксот. Тој се понуди да биде домаќин на наредниот состанок на УО и порача дека идеите треба да се сполтат за да се направи упсех.

БК Јордан Мијалков имаше забелешки на работата на Собранието и на БФМ, но и истакна дека нивниот клуб располага со средства од 150 илјади евра и дека тренерите се платени. Тие се нафатија да бидат организатори на еден од турнирите на екипното првенство.

Војо Настевски укажа дека треб ада има лиценцирани секунданти.

Од друга страна, потпретседателот Благој Донев рече дека според најавените средства ќе се наствојува да се поделат рингови на регионално и опрема за клубовите. БФМ да се погрижи да се осигураат боксерите.

Илија Младеновски побара менаџерството да се остави на помладите, бидејќи тоа го покажала Регинланата лига како позитивно искуство.

Миле Смилевски смета дека тренерите треба да бидат платени за да имаме успех во боксот.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО