Кличко за Џошуа: Видовте ли какви мкускули има?

Владимир Кличко призна дека е „најголемиот и најсилен противник“ против кого некогаш се среќава во кариерата.

Тие ќе се состанат по само два дена на „Вембли“ во Лондон, а Кличко ќе се обиде повторно да стане светски шампион по поразот од Тајсон Фјури во 2015 година.

Сепак, Влад предупреди дека против Британецот сите ќе го видиме неговото претходно „јас“, што му овозможи да владее долго време во категоријата.

„Ми претстои средбата со мојот најголем и силен противник досега. Сте ги виделе овие мускули“, праша реторичко Кличко за Сај спорт њус.

„Го видовте ли колку опасно изгледа? На што е способен, како ги нокаутира сите“?

„18-мина се обиделе да го победат, но не успеале. А ја завршил работата многу добро“.

„Ниту во еден момент не сум помислил дека можеби нема да се справан. Се познаваме многу добро, бидејќи имавме спаринзи. Имаме доволно време, за да знаеме што можеме да очекуваме еден од друг“.

„Видов работи во него кои може и да ги искористам. Но може и да не се случи тоа, бидејќи на еден меч секогаш е различно. Сепак, ова не е спаринг сесија, ова е дуел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО