Даниел пред К-1 турнирот за „Енди Хуг“: Во Швајцарија сите го посакуваат мечот Стефановски-Османоски!

На 10 јуни во швајцарскиот Цуг ќе се одржи Меморијалниот турнир „Енди Хуг“ во организација ја јапоснаката К-1, а на турнирот на четиримината надежни кикбоксери ќе настапи нашиот Даниел Стефановски кој е во извноредна серија од четири победи, три со нокаут.

Турнирот се одржува во чест на покојниот швајцарски борец и победник на К-1 Гран при во 1995 година.

Покрај Стефановски на „Енди Хуг“ќе настапат Кевин Бусер, Адам Мохамед и Дилам Колин.

„Уште не знам против кого ќе се борам, зашто тоа ќе се направи на мерењето, односно тогаш ќе бидат извлечени паровите. Овој турнир ќе биде супер, затоа што е во организација на најголемата кик бокс промоција К-1 од Јапонија“, вели Данеил Стефановски за Ipon.mk.

Стефановски во неколку наврати го прозва нашиот Бени Османоски на пресметка на овој престижен турнир, но од негова страна нема одговор и сите работи ге препушта нанеговиот менаџер. А кој е мотивот на Даниел за оваа голема македонска пресметка во Швајцарија?

„Нормално, требаше и Бени да се бори во овој турнир на К-1, но го откажал учеството на турнирот. Такви се информациите што ги добив од организаторот. Сите луѓе во Швајцарија го чекаат мечот Стефановски – Османоски. Ја сум подготвен за тој меч, но по мое мислење, тој ја избегнува таа средба“.

Стефановски неодамна ја извојува и четвртата победа по ред во категоријата до 81 килограм во К-1над Иманол Родригез од Шпанија на Суперкомабат настанот во Букурешт, а пред него е нов предизвик во оваа организација на 6 мај во Мадрид-Шпанија.

„Во Шпанија ќе се борам за Суперкомбат против Јан де Круз. за противникот не знам многу, а и не ме интересира кој е и што е. Во втората половина на годината одиме во САД, најверојатно во Њујорк“, истакнува Стефановски.

Во главната борба на настанот во Цуг ќе се сретнат 42-годишниот швајцраски Хрват, Петар Мајсторовиќ против Јанош Нитлиспач.

Енди Хуг се смета за еден од најголемите боксери на сите времиња. Почина во 2000 година од леухемија.
Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО