Даниел Стефановски: Нокаут, не знам… јас во секој меч одам на нокаут!

Даниел Стефановски (3-0 СК) утре се бори на Суперкомбат – Ворлд гран при-елиминации во Букурешт, Романија, со Иманоло Родригез од Шпанија во К-1 во категоријата до 81 килограм.

„Противникот ми е Шпанец, многу искусен и има борби во Кина, Америка и во цела Европа. Ќе биде добра борба“, изјави Даниел Стефановски за Ipon.mk!

Стефановски – Македонскиот воин обично борбите ги завршува со нокаут, како и последната борба со Алекс Филип.

„Нокаут, не знам… јас во секој меч одам на нокаут, но ќе видиме, со Господ напред“, вели Стефановски и додава: „Само јако за Македонија“.

Македонскиот воин на 12 март со нокаут на почетокот на третата рунда го совлада Ромаенцот Алекс Филип на Суперкомбат Ворлд гранд при елиминациите.

Поркај оваа борба Стефановски на 5 мај настапува и во Рим, Италија, па на  Светското првенство и на 10 јуни се бори на К-1 настанот во Швцарија во органиција на Јапонците. Таму ќе бидат сите легенди како Боњаски, Хуг,Ернесто Хуст. Тоа ќе биде турнир на четиримината најдобри.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON