Дана Вајт обајсни зошто му помага на Конор да го добие Флојд (ВИДЕО)

Едвај веќе некој да има сомнеж дека Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор ќе се сретнат во боксерскиот ринг.

Преговорите меѓу двајцата продолжуваат, а во оваа фаза се уште се очекува официјална потврда на средбата.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, објасни зошто смета дека има и лична одговорност да помогне за реализација на ваков дуел.

„Ова дете (Конор) не се плаши од никого. Тој е подготвен да се бори со секого и во секое време. Многу луѓе зборуваат, но малку навистина го мислат тоа. Лично јас го нарекувам Конор Мек Грегор „еднорог“. Никогаш не сум имал односи со човек како него. Лично сметам дека треба да помогнеме тој да ја добие можноста да учествува во сличен меч и да добие исти пари“.

„Ова е дуел кој навивачите сакаат да го видат. Интригантен е, а очигледно Конор го сака, бидејќи знае колку пари ќе заработи од него. Тој е човек, кон кого имам огромен респект“.

„Зачекори напред во моменти во кои други борци никогаш не би го сториле тоа. Милион пати сум  кажал – јас сум човекот кој стои на телефонот кога овие момци бараат противник недела пред мечот. Конор Мек Грегор не се плаши“.

Слушнете го целото интервју:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО