Даниел Кормиер за „главниот настан“ на УФЦ 300: Оваа борба е совршен избор, ќе привлече најмногу фанови

Даниел Кормиер верува дека има уште поголема борба за враќање на Конор Мек Грегор, којa би билa совршен за водечка на УФЦ 300. Мек Грегор (22-6, 10-4 УФЦ) се очекува да се соочи со Мајкл Чендлер во неговата камбек борба, но официјалниот датум се уште не е објавен, треба да се утврди.

УФЦ 300 почнува убаво да се обликува, но сè уште е без главниот настан на вечерта. Реваншот меѓу шампионот во полусредна категорија Леон Едвардс и Белал Мухамед е поврзан со овој настан, но Кормиер не го гледа како доволно голем меч за да го наслови „настанот“.

„Она што ќе го кажам за УФЦ 300 е дека недостасува голема борба, борба која мора да има историја и многу зла крв. Така што не може да бидат Белал Мухамед и Леон Едвардс. Иако е фантастична борба, не ги исполнува критериумите за овој настан“, рече тој во поткастот „ДЦ & РЦ“.

Кормиер верува дека Мек Грегор, најголемата ѕвезда на спортот, треба да биде предводник на УФЦ 300. Нејт Дијаз објави слика од себе лице в лице со Мек Грегор во октагонот, навестувајќи дека е подготвен за нивната трилогија. Бидејќи моментално имаат 1-1, Кормиер го гледа овој меч како борбата што треба да биде насловна на УФЦ 300.

„Без разлика со кого ќе се бори, апелот доаѓа со него, но ако се бори со Дијаз, тоа е она што мислам дека ќе привлече најголемо внимание – само поради Дијаз и интригата, начинот на кој тие две борби се одржаа. Тоа се сепак двајцата со најголема ППГ заработка во историјата“.

Дијаз не се натпреварувал во ММА од неговата победа над Тони Фергусон во септември 2022 година, што беше последна борба од неговиот договор со УФЦ. И покрај тоа што го нема, главниот човек на УФЦ, Дана Вајт, ја задржа вратата отворена за можно идно враќање. Откако ја напушти промоцијата Дијаз се бореше со Џејк Пол во боксерски меч минатиот септември и загуби со едногласна одлука. Мек Грегор не се борел од јули 2021 година кога ја скрши ногата за време на поразот од Дастин Пориер во нивната трилогија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО