Даниел Кормиер: Правам трилогија со Миочиќ и се пензионирам од ММА

Поранешниот двократен шампион Даниел Кормиер потврди дека по трет пат ќе се бори против Стипе Миочиќ и сака тоа да се случи на УФЦ 245 во декември. Минатиот месец Миочиќ се бореше против Кормиер, при што успеа да го нокаутира во 4 рунда и да си ја врати титулата во тешка категорија. За Даниел, тоа беше прв пораз во тешка категорија во кариерата и ја прекина серијата од 15 победи.

Кормиер доминираше во првите три рунди и ќе забележеше победа поени, но во четвртата Миочиќ започна да ги плаисра тешките удари во телото и благодарение на нив, го нокаутира Кормиер во последната минута од рундата. Минатата година, ДК го нокаутира Миочиќ во првата рунда, со што му ја одзеде титулата и стана двоен шампион.

Сега имаат по една победа и Кормиер сака трилогија, за да открие кој е подобар. ДК е категоричен дека следната борба со Миочиќ е последната борба за него во ММА, без оглед на исходот.

„Имам намера да се борам со ова момче по трет пат и овој пат ќе се борам правилно. Се надевам дека ова ќе биде доволно за мене да заминам со рацете нагоре. Повторно ќе се бориме и ова ќе биде мојата последна борба во ММА, без разлика на исходот.

Ова ќе биде последен пат да влезам во октагонот. Вистинската конкуренција во тешка категорија го воздигнува спортот и мислам дека и двајцата сега го имаме тоа. Имам намера да се вратам назад и да се борам на начинот на кој се подготвува за средбата. Во втората битка тој направи одлична работа.

Стипе Миочиќ ги покажа своите способности и психа. Не велам дека во третата битка ќе го грабнам Миочиќ и ќе го разбијам, но сигурно ќе се справам подобро од минатиот месец“, рече Кормиер.

https://www.instagram.com/p/B2KJlq5Brwy/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО