Даниел Кормиер: Ислам Махачев е поопасен од Хабиб Нурмагомедов

Поранешниот шампион на УФЦ во две категории, а сега член на Куќата на славните, Американецот Даниел Кормиер зборува за актуелниот носител на титулата во лесна категорија (до 70 килограми), Русинот Ислам Махачев. Кормиер тренираше долги години со Хабиб Нурмагомедов и Махачев во АКА во Калифорнија.

Даниел болно ја знае борбата на двајцата борци од Дагестан. Искусниот ветеран од САД никогаш не штедел суперлативи за Хабиб и Махачев.

„Дана Вајт пред неколку недели изјави дека кога разговарал со Дастин Пориер по борбата со Хабиб, тој бил вон себе. Тоа беше Дастин или Конор Мек Грегор. Некои од двајцата рекоа дека пред да го запознаат Хабиб, не ни помислувале дека тој може да им го направи ова.

А причината за тоа е силата на Хабиб, неговата контрола, неговата способност да ве контролира на теренот. Верувам дека Махачев има многу слични квалитети. Тој е многу сличен на партер, но бидејќи е подобар напаѓач, мислам дека е поопасен отколку што беше Хабиб во својот врв“, изјави Кормиер на својот канал на Јутјуб.

https://www.youtube.com/watch?v=aaD3WzQmCEs&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmma.bg%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО