Даниел Кормиер: Битката со Миочиќ ќе биде најголемата во мојот живот

На 7 јули, актуелниот шампион во полутешка категорија, Даниел Кормиер, ќе се сретне со актуелниот шампион во тешка Стипе Миочиќ.

Со текот на годините Кормиер е вмешан во многу битки против некои од најдобрите во светот, како Џон Џонс, Андерсон Силва, Дан Хендерсон, Френк Мир и други, но битката со Миочиќ ја нареку најголема во неговиот живот:

„Ова е најголемата битка во мојот живот. Учествував во многу големи борби, но оваа ќе биде различна. Не се добиваат секој ден вакви шанси и се многу ретки. Имам шанса да направам нешто историско. Кога ќе се повлечам, еден ден моите деца ќе кажат на 7 јули 2018 година татко ни направи нешто историско. Тоа беше ноќта кога татко ми го запиша своето име во историјата. Таквите работи се навистина големи, за да ги одбие човек. Кога ми рекоа екипата и тренерите – си реков направи го тоа, и да се обидам да станам голем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО