Дана Вајт: Верувам дека Хабиб ќе се врати за 30-0 во ММА

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт продолжува да верува дека Хабиб Нурмагомедов ќе се врати во кафезот.

Непоразениот шампион ја одбрани титулата пред еден месец во Абу Даби со победа над Џастин Гејџи. Веднаш по борбата, „Орелот“ изјави дека се повлекува од ММА, но Вајт верува дека тоа го сторил во афект  и ќе се бори да направи 30-0 во кафезот.

Сонот на покојниот татко на Хабиб беше тој да се бори до 30-0 во ММА, а до денес има скор 29-0 во кафезот. Во неколку медиумски настапи Хабиб беше категоричен дека ова е крај за него, но Вајт не верува во тоа.

Во текот на следните недели ќе се сретнат за да одлучат за иднината на категоријата. Нурмагомедов сепак дава тест-примероци на УСАДА и е на врвот во лесна категорија и на П4П ранг-листата.

„Хабиб Нурмагомедов и јас ќе се сретнеме во Абу Даби. Ќе споделам со вас, кога треба да знаете. Мислам дека ќе се врати за 30-0 во ММА. Не го рече тоа, но верувам“, изјави Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО