Дана Вајт покажа како да се однесувате кога ќе го сретнете Мајк Тајсон во авион (ВИДЕО)

Боксерската легенда Мајк Тајсон беше вклучен во неодамнешниот инцидент кога претепа пијан млад човек во авион пред да полета од Сан Франциско за Флорида.

„Железниот Мајк“ извесно време трпеше провокации, потоа зоври и го реши проблемот со тупаници.

Неколку пати го удри момчето преку седиштето и го напушти авионот.

Видеото од инциденот може да го видите ТУКА

„За жал, г-дин Тајсон имаше инцидент со агресивен патник во пресрет на летот, што го испровоцира и фрли шише вода кон него“, рече портпаролот Мајк Тајсон.

Познатите личности од боречките вештини го коментираа случајот на Тајсон, а најоригиналната порака со хумористично видео ја објави претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

„Еј идиоти, лекција за иднината, вака ќе останете живи кога ќе налетате на Мајк Тајсон во авион“, напиша Дана Вајт во својата објава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО