Дана Вајт откри дека се тепал со Тито Ортиз

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, гостуваше во шоуто на Конан О’Браен и раскажа интересна приказна, имено – како се тепал со легендарниот Тито Ортиз за време на авионски лет.

Не е тајна дека меѓу Вајт и Ортиз секогаш имало непријателство, а тоа е ескалира додека двајцата патувале со приватен авион.

„Никогаш не сум ја раскажал оваа приказна, но ние летавме на приватен авион на пат за Јапонија. Во одборот бевме јас, браќата Ферита, Тито Ортиз и мечмејкерот Џо Силва. Тито и јас се меркавме еден со друг, кога тој ми направи т.н. „Neck crank“, се потесети Вајт на тие моменти.

„Јас го удрив неколку пати, но не сакаше да ме пушти. Можеш сериозно да повредиш некого на овој начин, особено кога си толку крупен и силен како Тито“.

„Тогаш почнав да го удирам во ребрата, а кога конечно ме пушти, скокнав на нозе и почнавме вистинска тепачка“.

„Браќата Ферита не раздвојуваа. Потоа седнав во предниот дел на авионот, а Тито во задниот. Летавме поделени до крајот на летот“, ја заврши својата приказна Дана Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО