Дана Вајт нема ништо против трилогијата меѓу Аманда Нунеш и Валентина Шевченко

64

Дана Вајт нема ништо против третата пресметка меѓу Аманда Нунеш и Валентина Шевченко, за која неодамна зборуваше поранешната шампион, а денес коментатор на УФЦ Мајкл Биспинг.

Претседателот на УФЦ истакна дека за Аманда борбата против Киргистанката има многу повеќе смисла отколку реваншот против Крис Киборг.

Минатиот викенд на УФЦ во Далас, бразилскиот борец со едногласна одлука ја победи Џулијана Пена и си ја врати титулата во бантам категорија.

Многу фанови изразија желба да ја видат трилогијата на Аманда со актуелната шампионка во мува категорија Валентина Шевченко, а некои би сакале да видат реванш во перо категорија против Крис Киборг.

„Зошто Аманда Нунеш би се борела со Крис Киборг кога таа апсолутно доминираше против неа. Борбата против Валентина Шевченко има повеќе смисла. Со ова не се обидувам да ја дискредитирам Крис, и посакувам се најдобро во се што прави“, изјави Дана Вајт и се пофали дека добил порака од Крис Киборг за неговиот роденден.

Во декември 2018 година на УФЦ 232 Аманда Нунеш ја победи Крис Киборг со нокаут за 51 секунда.