Дана Вајт: Конор Мек Грегор не стравува од никого и не бега од борби

Дана Вајт верува дека големата ѕвезда на организацијата ќе се врати во кафезот оваа година.

Во моментов, Конор Мек Грегор се одмора од борбите, но не пропушта да коментира настани на организацијата. Вајт тврди дека поранешниот двоен шампион чека да разјснат работите во лесна категорија и дури тогаш ќе одлучи да се врати. „Озлогласениот“ силно посакува втора борба со Хабиб Нурмагомедов и најверојатно ќе чека да види дали може да ја брани титулата против Пориер во септември на УФЦ 242 во Абу Даби. Дана е сигурен за неговото враќање и верува дека Мек Грегор наскоро ќе се врати во кафезот:

„Во моментов, Конор чека и мислам дека сака да види што ќе се случи во категоријата. Мислам дека ќе се врати наскоро. Не е точно дека тој одбил борби. Мек Грегор не одби ништо. Абделазиз може да зборува што сака, но Мек Грегор не ги одбива борбите и точка.

Конор е меѓу борците кои секогаш се подготвени да се борат. Кога другите ќе се откажат, Мек Грегор е оној што се појавува. Мек Грегор не се плаши од никого и не е точно дека одбива битки. Мислам дека ќе го видиме оваа година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО