Дана Вајт: Конор Мек Грегор ќе се бори со Мајкл Чендлер

Дaна Вајт изјави дека Конор Мек Грегор најверојатно ќе се соочи со Мајкл Чендлер при неговото враќање во кафезот.

Конор не се борел од УФЦ 264 во јули 2021 година кога ја повреди ногата во трилогијата против Дастин Пориер. Оттогаш ја рехабилитира ногата и исто така е излезен од допинг тестирањата на УСАДА, што налути многу луѓе.

Но, со оглед на тоа што поранешниот двократен шампион на УФЦ е се поблиску до камбек, изгледа дека Чендлер ќе биде противникот што ќе го пречека враќањето на Мек Грегор. Дана Вајт му ја соопшти веста на Брет Окамото од ЕСПН.

Не треба да изненадува тоа што Вајт откри дека Конор против Чендлер е следната борба. Тоа е огромна борба на хартија и многу забавна во однос на стиловите. Чендлер постојано бараше борба и многупати го предизвикуваше Ирецот.

Мек Грегор (22-6) ги загуби меѓусебните борби со Дастин Пориер во 2021 година.

Претходно го победи Доналд Цероне со ТКО во неговото враќање во спортот. Победата над „Каубојот“ беше негова прва по поразот од Хабиб Нурмагомедов, што го означи и неговото враќање во ММА по бокс мечот со Флојд Мејведер.

Чендлер (23-8) има 2-3 во УФЦ и доаѓа по поразот од Дастин Пориер.

Претходно го нокаутира Тони Фергусон за да ја прекине серијата од 2 порази во борби. Загуби од Џастин Гејџи и беше нокаутиран од Чарлс Оливеира во борба за појасот. Во своето деби во УФЦ го нокаутира Ден Хукер во првата рунда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diaz Twins MMA (@diaztwinsmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО