Чендлер: Борбата со Конор Мек Грегор ќе има спектакуларен огномет

Познатиот американски борец во мешани боречки вештини Мајкл Чендлер со нова објава на социјалните мрежи.

Во оваа објава, поранешниот шампион на Белатор покажа фотографија на која стои лице в лице со Конор Мек Грегор. Ова е борбата што најмногу ја посакува Чендлер. Дана Вајт неодамна за ЕСПН изјави дека ќе се обиде да ја организира оваа борба за 2023 година.

Конор моментално се опоравува и го чека неговото враќање. Мајкл долго време го предизвикува. Ѕвездата од САД даде предвидување за борбата со „The Notorious“. Чендлер не се труди да каже кој ќе победи, но предвидува огномет.

„Во таква борба ќе има огномет“, напиша Чендлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО