Дана Вајт: Има уште многу за договарање меѓу Мек Грегор и Пориер

Конор Мек Грегор и Дастин Пориер можеби нема да се борат на УФЦ 257, според претседателот на организацијата, Дана Вајт.

Вчера официјално беше објавено дека битката меѓу нив е планирана за 23 јануари. И двете страни дадоа вербална согласност пред неколку недели, но има гласини дека УФЦ ќе се обиде да го отстрани Пориер и да го замени со Џастин Гејџи.

Сега, според Вајт, има многу нејасни околности околу претстојната битка.

„”Не е се подготвено. Ќе се одржи на 23 јануари, ако сè оди според планот. Но, во моментот има многу „ако-а”. Треба да видиме каде ќе се движи светот во следните неколку месеци”.

Сепак, ЕСПН објави дека Пориер веќе официјално го потпишал неговиот договор, а Мек Грегор го чека неговиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON