Фјури доби дозвола од ВБЦ за обединувачки меч со Џошуа

ВБЦ му даде зелено светло на Тајсон Фјури за обединување на титулите во тешка категорија против Ентони Џошуа, но само доколку во декември има меч.

Фјури и Џошуа веќе се договорија за два меча во 2021 година, во кои ќе треба да се одлучи кој ќе биде првиот апсолутен шампион кај тешкашите по Ленокс Луис. Џошуа е носител на ВБО, ВБА и ИБФ појасите, додека Фјури го освои ВБЦ појасот со победата над Дионтеј Вајлдер во февруари.

Фјури ќе треба да ја има првата одбрана на појасот во „Ројал Алберт хол“ во Лондон на 5 декември, и иако противникот не е потврден, се верува дека се работи за Германецот Агит Кабајел, непоразениот европски шампион. Исто така во декември, Џошуа ќе треба да боксува со 39-годишниот Кубрат Пулев и ако двајцата ги минат тестовите тогаш се подготвени за меч.

Претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулејман потврди дека нема да инсистираат Фјури да боксира со задолжителниот предизвикувач, кој ќе се одлучи во рреваншот меѓу Александер Поветкин и Дилиеан Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО