Светски индивидуален куп наместо Светско првенство во борење

Обединетото светско борење (UWW/ ОСБ) донесе одлука за промена на форматот на претстојното Светско првенство во борење во декември.

Настанот, закажан во Белград од 12 до 20 декември, ќе се трансформира во Светски индивидуален куп. Датумите за новиот настан сè уште не се потврдени, но се очекува да останат непроменети.

Причината за оваа промена е одбивањето на големите сили како САД, Јапонија и Куба да учествуваат на Светското превнство поради ограничувања на патувањето низ целиот свет и непредвидливата состојба со пандемијата на коронавирусот во Европа.

Така, еден од најосновните услови за одржување на Светското првенство не беше исполнет – да се обезбеди присуство на 8 од 10-те најдобри екипи и 70% од конкурентите кои учествуваа на ланското првенство.

Светскиот индивидуален куп ќе има награден фонд од 300.000 швајцарски франци, кој ќе биде поделен подеднакво во 30 категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО