Дана Вајт: Готови сме со Конор, сега е на ред Флојд

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, потврди дека мечот меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер половина е решен. Барем од гледна точка на ирскиот борец.

Сега претстои да биде постигната договор и со Мејведер, по што можеме да сметаме дека средбата ќе биде факт.

„Од гледна точка на Мек Грегор сме подготвени. Сега почнувам да работам со Мејведер“, потврди Вајт.

„Не велам дека средбата сигурно ќе се случи, но веќе сме подготвени со едната страна. Сега почнуваме да работиме со другата“, додаде тој.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО