Дана Вајт го предупреди ФБИ за сомневања за наместени мечеви во УФЦ

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, поднесе извештај до Федералното истражно биро (ФБИ) во врска со можно наместување на натпреварот во борбата меѓу Исак Далгаријан и Јадиер Дел Вале, што се одржа на 2 ноември на УФЦ Фајт најт 263 во Лас Вегас.
Борбата заврши во првата рунда откако Кубанецот Дел Вале победи со гушење одзади. Далгаријан, кој се сметаше за фаворит пред борбата, беше изненадувачки поразен, а според извештаите од обложувалниците, кратко пред борбата, беа ставени големи облози за негов пораз во првата рунда. Поразот доведе и до негово ослободување од УФЦ.
„Една обложувалница пријави дека се случува нешто необично со оваа борба“, изјави Вајт за ТМЗ спорт. „Го контактиравме борецот и неговиот менаџер за да видиме дали има некаков проблем – повреда, долг, притисок. Тој негираше сè. Сепак, веднаш го контактиравмеФБИ“.
„Веќе двапати се сретнав со агенти од Бирото“, додаде Вајт. „Не велам дека има докажана вина, но ситуацијата изгледа многу сомнително“.
Истрагата доаѓа во време на поширока национална акција на ФБИ против нелегално обложување и измами, во која во октомври беа обвинети 34 лица, вклучувајќи сегашни и поранешни тренери и играчи на НБА, вклучувајќи ги Чонси Билапс и Тери Розиер.



