Дана Вајт го одрекува учеството на Нејт Дијаз на УФЦ 222

Откако Макс Холовеј се откажа од мечот со Френки Едгар на УФЦ 222 поради повреда, од организцаијата се пуштија во потрага да му најдат противник и да го спасат настанот. Една од најспомнуваните опции е Брајан Ортега, а како варијанта се наметнува и Коди Гарбранд.

Според Дана Вајт, Нејт Дијаз кој изрази интерес да сконе во овој настан, не е меѓу можностите, а претседателот ја повтори својата позиција од минатата недела:

„Дијаз не сака да се бори. Направивме 5-6 средби во последните шест месеци и ги одби сите договори. Еди Алварез, Џастин Гаете, Едсон Барбоза и Тони Фергусон – неколку пати“.

Дијаз неодамна откри дека не се смета за борец во лесна категорија. Чудно мислење, со оглед на тоа дека цело време во неговата кариера се бори токму во неа. Од 30 средби има само 7 не се во лесната категорија – 5 во полусредна и 2 во средна, над неговата категорија.

Никој не беше подготвен да се соочи со Дијаз за неговото враќање во 2016 година па наваму. Меѓу нив се Кевин Ли, Еди Алварез и Куб Свансон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО