Дана Вајт: Ако Хабиб избрза со соборувањето, ќе настрада

Колку повеќе се наближува борбата меѓу Хабиб и Мек Грегор, толку повеќе предвидувања и мислења ќе се појават на Интернет.

Секој има свои предности и недостатоци и во такви битки, а ќе победи оној кој прв ќе успее да ја искористи грешката на другиот. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, им се приклучи на борците кои го искажуваат своето мислење за епската битка.

„Мислам дека поради неговата слава и популарност Конор Мек Грегор е еден од најпотценети борци на УФЦ. Секој пат кога Конор ќе излезе против нов борец, секој почнува да зборува дека ќе изгуби.

Тој рече дека ќе го нокаутира Хозе Алдо и го направи тоа во првата рунда. Ако ја погледнете кариерата на Хозе Алдо, ќе видите дека тој е ѕвер што доминирал толку многу години.

Видовме колку удари прими Алдо од Стефенс, но успеа да го победи со удари во телото во првата рунда.

Сите мислеа дека Конор ќе го изгуби од Алварез, затоа што ќе го соборел наподот, но видовте што му направи Конор. Пред тоа, сите тие веруваа дека Чад Мендез би победил бидејќи е борец, но кога Конор го порази, сите рекоа дека Мандез изгуби бидејќи немал време да се подготви.

Мислам дека поради неговата популарност и стил, Конор Мек Грегор е потценет од сите. Мислам дека ова е една од оние битки во кои, ако Хабиб избрза со соборување, како што направи во претходните битки, ќе се најде во неволја.

Од друга страна, мислам дека ако Конор се најде под Хбаиб, и тој ќе се најде во небрано“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО