Марина Николова и КК Нико го шират македонското карате во Италија за обединување на Македонците (ФОТО)

Потрагата по зарботувачка и подобар живот многу наши спортиси ги однесе надвор од нашите граници. Нивната желба и понатаму да се занимваат со спорт ги тера и во новите средини да се активираат и да отвораат клубови и да тренираат.

Марина Николова од Виница е каратистка, носител на мајсторски појас 3 дан, која над 20 години се занимавала со карате, почнувајќи од КК Блатец (околу 15 години) кај мајсторот Дончо Ангелов, а по заминувањето во Италија е активна во македонската заедница и како резултат на тоа се раѓа идејата за формирање на карате клуб. Така во областа Канели, каде што е голема концентрацијата на Македонци, го формира клубот Нико во Монферато Ница во 2014 година, а во 2016-та се проширува во Канели. Марина како натпреварувач за КК Блатец постигнала забележителни резултати на меѓународните турнир во Власотинце, Србија, каде што го освојува првото место и во Осијек, Хрватска, второто.

„Големата желба спрема карате животот, како и обезбедување на егзистенција, с едвете работи кои пралелно поминуваа во мојата глава по доаѓањето во Италија. Ми беше тешко, не знаев од каде да почнам, но со помош на македонското друштво „Камен мост“ (Николова е еден од основачите на ова друштво) ги добив неопходните насоки од каде да почнам и со голема помош и поддршка од претседателот Александар Николов. Тргнав и го регистрирав клубот, а посебно ме радува начинот на кој ме прифатија Италијанците“, ја раскажува својата приказна Марина Николова, а за тоа како е прифатен КК Нико меѓу нашинците во Италија таа вели:

„Беше тешко, бидејќи стартував со шест деца на мои блиски пријатели. Ни требаа четири месеци за да стекнеме доверба, па така боројот на каратисти од ден во ден растеше. Многу луѓе препознаа квалитет, но и се допадна и дисциплината. Покрај Македонци во клубот почнаа да доаѓаат Романци, Мароканци и Италијанци. Сега имам голем мотив и желба да успеам. Постојаното зголемување на бројот на деца што тренираат, сега околу 60-мина, ме отивира да станеме голем клуб кој ќе има успеси и на регионално и на национално ниво“.

По некое време на Николова и се придружува поранешниот каратист на КК Партизан од Кочани, Гоце Стојанов, со кого неумрно работат и создаваат добри кратисти.

Според Николова, првичната идеја била клубот да биде субјект кој ќе ги собира Македонците за Велигден, Божик и другите поголеми празници. Сето тоа се изродило во нешто поголемо, бидејќи КК Нико одлично е прифатен од локалното италијанско население, па така добива поголема димензија за воспитување на децата во карате духот, при што посебен акцент се дава на дисциплината и на живеењето со оваа вештина која има многу придобивки во изградувањето на една личност во сите аспекти.

„Имаме големи успеси, затоа што на сите регионални натпревари 50-60 отсто од нашите деца освојуваат медали, но и на национално ниво“.

Најдобар клуб на натпревар во Торино по број освоени медали

Николова вели дека целта е да има поголем број на ученици кои ќе прераснат во вистински каратеки со големи успеси на национално ниво. Таа сака да се нивниот клуб да се распространи и во другите места каде што живеат Македонци и да стигнат до 100-тина каратисти. Од каратистите кои направиле успеси национално ниво, односно освоиле медали, ги потенцира Нина Николова, Бојан Златанов, Матеј Стојменов, Кристина Ефтимова, Ева Костадинова, Лука Стојменов и други.

„Се чувствува чиста енергија, затоа се повеќе и повеќе добиваме симпатии во Општината и кај градоначалникот, меѓу колегите од Италија кои сесрдно ми помогнаа и од граѓаните на овие места, затоа возвраќаме со успеси и воспитување на децата“, заклучува Николова која одморот го поминува во родната Виница.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО