Дан кју и Осенсеи одат по нови успеси на „Видовдан опен 2018“ во Бања Лука

269

Македонските џиу џицу клубови Дан кју и Осенсеи во сабота ќе настапат на Меѓународниот турнир „Видовдан опен 2018“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина.

Ќе настапат со 12 натпреварувачиво две дисциплини борби и неваза.

За Дан кју ќе настапат:
1.Зоран Колевски
2.Јаким Колевски
3.Дарко Стојановски
4.Катерина Ацевска

Тренер на екипата е Александар Ацевски, а со нив ќе патува и судијата Ицо Колевски.

За Осенсеи ќе се борат:
1.Ева Димитрова – надежи Ж -52 кг
2.Станислав Грпов – надежи M -41кг
3.Данил Николиски – пионери M -38 кг
4.Филип Денков – пионери M +42 кг
5.Стефан Донев – пионери M -46 кг
6.Нина Ташкова – кадети Ж -63 кг
7.Кирил Иванов – сениори -77 кг
8. Виктор Велинов – сениори -94 кг

Велинов е и тренер на екипата.

Ipon.mk