Сталоне и Шварценегер го посетија Ломаченко во болница (ВИДЕО/ФОТО)

Големите актери од повеќе акциони филмови Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер направија голем гест посетувајќи го број 1 боксерот во светот Васил Ломаченко во клиниката во Лос Анџелес, во која му беше направена операција на десното рамо.

Ломаченко претрпе повреда на рамото во победата над Хорхе Линарес во Њујорк.

https://www.facebook.com/sportal.bg/videos/10160398956110573/

Познатите гости ја поздравија победата на Ломаченко, го прашаа како поминала операцијата, а исто така се заинтересираа и за тоа како поминала борбата со Линарес, откако ја добил повредата.

Васил одговори кратко и јасно: „Имав втора рака …“

https://www.facebook.com/sportal.bg/videos/10160398925550573/

Лома не пропушти да објави видео со двајцата гости, како и фотографија со актерот кој го играше Роки, под која го објавуви следното:

„Сосема не е важно како удираш, туку важно е изадржуваш удари. Како продолжуваш понатаму“, напиша Лома.

https://www.facebook.com/VasylLomachenko/posts/1891222124285321

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО