Претседателот на МОК Васил Тупурковски приреди прием за Бесир Алили (ФОТО)

Претседателот на Mакедонскиот олимписки комитет (МОК), д-р Васил Тупурковски му го честита сребрениот медал на европскиот кадетски вице шампион во борење (слободен стил) Бесир Алили на денешната.

Притоа Тупурковски му посака уште подобри резултати во иднина и да му се реваншира на Ерменецот Рафаел Харутунијан од кого беше поразен во финалето на Европското првенство за кадети во Скопје.

 

На средбата беа присутни и селекторот Седат Бафтиу, претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и потпретседателот Дејан Богданов, со кои се разменети информации за подготовките за претстојното Светско првенство, како и за големата меѓусебна поддршка и многуте заеднички, сегашни и идни, проекти на МОК и на Федерацијата за боречки спортови на Македонија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО