Дали да плаче човек или да се смее од најлошиот дебитант во профи рингот, беше нокаутиран за 84 секунди!? (ВИДЕО)

Само 84 секунди му требаа на 20-годишниот Американец Емануел Вилијамс за да биде патосиран од страна Џон Ринкон и да ја покаже неговата несмаснот во рингот.

Вилијамс досега е најсмешниот дебитант во профи рингот и веднаш го доби епитетот „најлош професионален боксер во историјата“.

Пресметата со сонародникот Џон Ринкон како најава за главната борба на вечерта меѓу Морис Хокер и Алекс Сауседо.

Дуелот во живо се емитуваше на ЕСПН. Гледачите не можеа да се изначудат на она што го гледат.  Вилијамс брутално беше легнат на подот и не можеше да се одбрани на којбило начин. Техниката му беше толку лоша што дури и коментаторите се смееја на она што го гледаа во рингот.

https://www.dailymotion.com/video/x6xctqm

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО