Дагестански борец по поделената одлука на судиите го скршил од тепање потпретседателот на Рускиот ММА сојуз (ВИДЕО)

На боречкиот настан Фајт најт Глобал 65 во Казахстан, велтерашот Гаџимурад Хирамагомедов претрпе пораз со поеделан одлука на судиите. Пораз го предизвика дагестанскиот борец да го нападне подпретседателот на Руската ММА сојуз и е хоспитализиран со повеќе скршеници.

Не за долго по завршувањето на настанот, Хираммагомедов одлучил да го посети високи претставник на Рускиот ММА сојуз во неговата хотелска соба. Камерите за надзор го снимиле влегувањето на борецот и брат му во собата на Радмир Габдулин пред нападот. Наводно, по жестока расправија, браќата го нападнале службеното лица и му нанеле тешки телесна повреди.

Габдулин е хоспитализиран и е утврден тежок прелом на главата и потрес на мозокот. Хираммагомедов по нападот е уапсен во Астана и по полициската истрага е ослободен.

Потегот на борцот си носи и последици. Сопственик на Фајт најтс, Камил Гаџиев, најави дека неговата промоција веќе нема да соработува со борецот што го предизвика инцидентот. А изјава даде и сегашниот претседател на Руската ММА сојуз, Федор Емилијаненко:

„Однесувањето на браќата Хирамагомедов е срамно и не се достојни да ја претставува својата земја на меѓународни настани. Сојузот се занимава со инцидентот, а лично ќе го следам напредокот. Во саботата ќе се сретнам со Етичкиот комитет на сојузот. Веќе со сигурност може да кажам дека браќата Хирамагомедов во иднина нема да бидат во можност да се борат на ниту еден настан организиран од страна на Рускиот ММА сојуз“.

Во продолжени погледнете ја борбата што му претходеше на инцидентот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО