Човек задуши пума за да си го спаси животот, балгодарејќи на бразилското џиу џицу

Еден човек во Колорадо, кој трчал сам, бил нападнат од пума. Невообичаената ситуација се случила во планинскиот парк наречен Хорестут. Човекот слушнал шум зад него, кога се свртел бил нападнат од млада пума (мажјак). Големата мачка му нанела сериозни повреди, но не се опасни по животот, вклучувајќи каснувања на лицето и рачниот зглоб. Сепак, човекот успеал да одговори на нападот и на крајот со голи раце го задавил животното до смрт.

https://www.instagram.com/p/BtgoEdoF_XJ/?utm_source=ig_embed

Вработени во паркот во Колорадо, истражувачи на дивината, го прегледале трупот на грабливото животно и ги потврдиле тврдењата на човекот дека го умртвил со задушување. Човекот успеал да стигне до болница, каде што сега се опоравува.

Вработените во паркот велат декаа последниот век нападите на пуми над луѓе кои имале фатален крај се 25. Ако овој човек не знаел бразилско џиу џицу и задушувањата, кои се учат во боречките спортови, тогаш бројот на жртвите ќе беше поголем за уште еден чоивек.

Иако во Колорадо големите мачки се меѓу 3 000 и 7 000, случаите во кои некој може да ги види пред очи се голема реткост. Бегањето од предатори може да ги предизвика нивните инстинкти да го следат пленот. Во такви случаи, експертите препорачуваат човек да му покажена животното дека го гледа, да ги рашири рацете и да се обиде да изгледа поголем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО