Чисора верува дека Нгану има сила да го собори Фјури, но не знае дали може да го победи

Тешкашот Дерек Чисора трипати боксираше против Тајсон Фјури и истакнува дека добро ги знае можностите на шампионот на ВБЦ против поранешниот УФЦ борец Френсис Нгану.

Имено, на 28 октомври во Саудиска Арабија Кралот на Ромите ќе се бори со поранешниот шампион на најголемата светска ММА организација, а многумина сметаат дека Британецот е голем фаворит на тој меч.

Чисора, кој ги загуби сите три борби против Фјури, исто така го фаворизира својот сонародник, но додава дека Нгану е сериозна закана, особено што е трениран од боксерска легенда.

„Френсис тренира со Мајк Тајсон и ќе биде голема борба“, рече Дерек Чисора и додаде:

„Фјури ќе победи, но мислам дека Нгану во одреден момент ќе го собори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО